Кој е со Бугарите и кој работи против државата? – Ковачевски и Мицкоски со обвинувања како во изборна кампања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

“Мицкоски не и сака добро на државата“, рече премиерот Димитар Ковачевски на средба со граѓаните. Тој го обвинува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека паднал во стапицата на Апасиев и работат против европскиот пат на Македонија.

Според Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на Ванчо Михајлов, соработник на фашизмот, луѓе кои биле на погрешната страна на историјата.

Не недостигаа ниту обвинувањата од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој за време на средбите со граѓаните, рече дека Ковачевски е поголем Бугарин од Бугарите.

Во врска со  Ванчо Михајлов рече Ковачевски да ја прочита историјата на Македонија и да не лаже.

Последнава недела двете најголеми македонски партии одржуваат средби со граѓаните, исто како за време на предизборна кампања.