Кој ги стопира инвестициите во општина Карпош? Одговара Јакимовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски во летното издание на „Click21“ на ТВ21 рече дека Советот на општината ги стопира инвестициите во општина Карпош, а вината ја гледа и во ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво вината е во тоа што мислеа дека со урбанистички планови можат да бистрат политики и се живо поништија на Уставен суд. Второ што не се потрудија да донесат нови урбанистички планови. Јас кога ви зборувам за милијарда и пол зборувам само за крупните инвестиции, ако ги ставиме и ситните инвестиции тоа е сигурно 1,6 милијарди 1.700.000.000 евра инвестиции во една општина“, вели Јакимовски.

Има интерес за инвестиции од Израел, Либан но и домашни инвеститори вели Јакимовски. Но, тој вината за стопирање на инвестициите ја гледа во Советот на општината и поради тоа ја раскинал коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, треба да ставиме урбанистички план во анкета да го видат граѓаните. На мое прашање зошто треба да се повлече од дневен ред тие ќутат, на неколку пати ги прашав ве молам имате ли некоја забелешка? Немаат никаква забелешка, чиста политика односно наредба од претседателот на една политичка партија да се блокира донесувањето на урбанистички план“, вели Јакимовски.