Кој го има легитимитетот кај Албанците? – Жестока дебата меѓу Ибрахими и Адеми во „Клик плус“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во синоќешната емисија „Клик Плус“, Зекирија Ибрахими од Алтернатива и Арбр Адеми од ДУИ, го отворија прашањето – која партија го има легитимитетот кај Албанците во Македонија?!

„ДУИ го нема легитимитетот кај Албанците, бидејќи повеќето Албанци не гласаа за ДУИ“, истакна Зекирја Ибрахими.

„Како сакате изборен модел, доколку сакате гласовите што ги освои ДУИ да ги претворите во една Изборна единица. 6 изборни единици се, повторно ДУИ ќе излезе победник. Доколку сакате да ги претворите гласовите и во 3 Изборни единици, повторно ДУИ ќе победи“, додаде Арбр Адеми.

„Поголемиот број Албанци не гласаа за ДУИ. Ние имаме бројки, или треба да ја отворите страницата на ДИК?“, вели Зекирја Ибрахими

„Земете ги бројките на Беса, бидејќи вие тогаш бевме со Беса, колку гласови освои Беса, а колку ДУИ, дали изгубивте. Колку гласови освои ДР-ДПА“, порача Адеми.

„Јас велам дека вас ве делегитимираа Албанците, албанскиот народ, а не албанските партии. Вие не ги добивте гласовите на Албанците“, вели ибрахими.

Во однос на коалициите и прашањето со која партија, освен со Беса, ќе коалицира СДСМ по изборите на 12-ти април, Адеми со одговор:

„Освен за ВМРО-ДПМНЕ, за сите други политички партии е отворена вратата за соработка“, посочи Едмонд Адеми.

Изборите ќе се одржат на 12-ти април, а во предизборна коалиција сега за сега влегоа СДСМ со Беса и Алтернатива со Алијанса за Албанците. По изборите ќе стане извесно кој со кого ќе коалицира и дали ќе се примени принципот „победник со победник“.