Кој и како ќе го формира новото мнозинство? – Таравари потврди дека почнале разговорите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред локалните избори сите политички партии изјавија дека ќе формираат ново парламентарно мнозинство.

„Убеден сум дека в понеделник ќе се изненадите од каде тие бројки“, истакна Зекирија Ибрахими.

Н: Во актуелниот или во опозицискиот кампус? Многу е важно, во опозицискиот кампус ќе имате 61 или, пак, актуелниот камп ќе има 62 плус?

Зекирија Ибрахими: Јас ви зборувам за делот што ме прашавте, а тоа е за опозицискиот кампус.

И првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека од понеделник почнува процесот за ново мнозинство. Меѓу другото, додаде дека новото мнозинство ќе се формира со пратеници на СДСМ и ДУИ.

Зијадин Села: Велам дека има експоненти и во СДСМ, и во ДУИ кои ќе бидат дел од мнозинството.

-Ќе земете пратеници и од ДУИ?

Зијадин Села: Зошто да не?

-Тоа е сосема легитимно. Со г.Апасиев? Ја гледате партијата во новата Влада, која сакате да ја формирате заедно со ВМРО-ДПМНЕ? 

Зијадин Села: Јас не сум Насер Зибери, не сум мандатар.  

Но, два дена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, сѐ уште нема никакво поместување во однос на најавеното мнозинство. Во синоќешното гостување во „Клик Плус“, Арбен Таравари од коалицијата АА-ААА, говорејќи околу соработките, ја исклучи можноста за коалицијата со СДСМ, но сепак остава отворен простор за разговори. Во однос на Левица, вели дека можат да формираат мнозинство и без неа.

Арбен Таравари: Евроинтеграциите се априори, услов за формирање нова Влада и мислам дека тука нема ништо нејасно.

-Дали разговаравте со господинот Мицкоски, дали поразговаравте за вашите услови?

Арбен Таравари: Разговаравме и тој има јасни пораки. Мислам дека нема некое незадоволство во однос на Преспа.

Пред локалните избори, и од владиниот блок доаѓаа изјави дека мнозинството само ќе се зголеми. Ова го потврди и претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој е во коалиција со ДУИ и Беса, а се стреми и кон соработка со партијата на Африм Гаши, за која рече дека е потценета од страна на нејзиниот коалиционен партнер, Алијанса за Албанците.