Кој има повеќе апетит за власт? – Таравари и Мицкоски со повик до ДУИ: Реформирајте се во опозиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од Демократската Унија за Интеграција најавуваат дека ќе преземат дејствија за да го демострираат нивното незадоволство бидејќи, како што изјави вчера првиот човек на оваа партија, Али Ахмети, не се почитува легитимитетот на Албанците и другите заедници кои се дел од Европскиот фронт. Коалицијата ВРЕДИ ја праша дали апетитот за власт или апетитот за комоција ги натера да влезат во Владата.

Не знам што се случи со таканаречениот опозициски камп бидејќи никогаш не сум бил опозиција, 22 години сме биле на власт и тоа го знаете сите. Што ги натера да направат таква грешка, тие треба да одговорат. Апетитот за власт, апетитот за комоција, или нешто друго?!“, вели Али Ахмети.

Ова прашање му го поставивме и на новиот министер за здравство Арбен Таравари, дел од коалицијата ВРЕДИ. Таравари вели дека ако некој имал апетит за власт, тоа е самиот Ахмети. Очекува да се реформираат во опозицијата и да излезат со нови кадри.

И премиерот Христијан Мицкоски му го посака истото на ДУИ.

Инаку, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вчера го свика генералниот совет на партијата, за да даде директиви за работата што треба да ја направи ДУИ по изборите на 8 мај и политичките настани. Ахмети се пожали од Мицкоски дека не ја почитува волјата на албанскиот народ и тоа, според него, не произведува етничка стабилност во државата.