Кој ќе гласа „за“ новиот владин состав?! – СДСМ мирна со влегувањето на АА во мнозинството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ сега е мирна затоа што со пратениците од Алијанса за Албанците простото мнозинство не е загрозено.

Заменик претседателката на партијата, Сања Лукаревска смета дека има одредени сили од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ кои ќе дадат поддршка за европскиот пат на земјава.

Алтернатива на Африм Гаши откако го напушти мнозинството почна со средби за евентуална соработка со опозициските партии. Неодамна се зборуваше за средба што Гаши ја имал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во Собрание, како и со т.н. „огнена група“ од ДУИ, за кои се знае дека нема да гласаат „за“.

„Знаете дека имавме комуникација со „огнената група“. Со Беса сѐ уште немаме комуникација, но тоа се прашања кои треба да се разгледаат подоцна“, вели Зеќирија Ибрахими.

По Алтернатива, и Демократскиот сојуз, партија која беше дел од коалицијата со само 1 пратеник – претседателот на партијата, Павле Трајанов, го напушти парламентарното мнозинство.

Тој најави дека нема да гласа за реконструкција на Владата.

Алтернативата има 3 пратеници. Заедно со нив, парламентарното мнозинство броеше 64 пратеници, а сега без Алтернатива и ДС – 60. Ако не се бројат и 3 пратеници на „огнената група“ остануваат 57. Но, со влегувањето на Алијанса за Албанците во Влада, мнозинството ќе брои 65 пратеници.

А со исто темпо вчера продолжи дебатата за реконструкција на Владата, односно за разрешувањето на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, откако пред два дена заврши расправата за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали.