Колку гласови ќе добие Резолуцијата, која денес до Собранието ја достави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ? Според досегашните изјави на пратениците таа ги има потребните гласови за усвојување бидејќи за нејзино донесување потребно е просто мнозинство, односно да гласаат за најмалку 61 пратеник. За неа, според она што се потпишани на самата Резолуција, За ќе гласаат 44 пратеници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За Декларацијата се изјаснија и двајцата пратениците на Левица. Тоа значи дека само овие две опозициски партии имаат 46 гласови.
Според изјавите на СДСМ, поддршка има и од пратениците на владејачката партија, но и помалите партии. Така за Резолуцијата ќе гласаат и пратениците од коалицијата предводена од СДСМ, а заедно со пратениците на ДОМ, Демократскиот Сојуз и ЛДП својот глас ќе го дадат 41 пратеник од владејачкото мнозинство.
Во нив не се земени предвид четворицата пратеници на БЕСА кои самостојно делуваат и тие не се изјаснија дали ќе ја поддржат Резолуцијата, а не се изјасни ниту единствениот пратеник на ДПА Мендух Тачи, како и независниот пратеник од Партијата на Бошњаците Зекир Рамчиловиќ.
Но, и без овие горе наведени и албанските политички партии, според очекувањата, Резолуцијата ќе добие поддршка од најмалку 87 пратеници, односно од ВМРО-ДПМНЕ и коалциијата, од Левица, и од владејачката СДСМ и нивните коалициони партнери.
Се поизвесно е дека пратениците од партиите на Албанците ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да гласаат за овој документ
Според проекциите со оглед на тоа како се изјасниле пратениците, За Резолуцијата ќе гласаат 89 пратеници. Не е познато како ќе гласаат 6-мина пратеници, додека се поизвесно е дека Резолуцијата нема да ја поддржат 27 пратеници од партиите на Албанците.
