Кој ќе менаџира со Град Скопје? Петре, Ана, Данела, Петар или Љубомир – „независен“ или партиски кадар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сега кога речиси е позната листата со кандидати за градоначалник на Скопје , се вкрстуваат копјата околу тоа кој повеќе би направил и што е тоа што го прави посебен од другите. Актуелниот градоначалник Петре Шилегов прв објави дека повторно ќе ја бара довербата , тоа го направи неговата партија СДСМ која што застана зад него.

Но не само таа туку и коалициониот партнер ДУИ и Беса најавија дека ќе побараат од членството гласот да оди за Шилегов.

По Петре поддршка побара и Петар Георгиевски од популарната Меморија , прво преку Фејсбук статус , а потоа и официјално собра потписи но и јавно побара поддршка од Левица на Апасиев која што и вчера беше официјализирана .Но сепак ќе настапел како независен.

Камиказа најави дека и двете дами во трката доколу биде избран ќе ги земе во својот кабинет. А и тие двете Данела Арсовска и Ана Петровска собраа потписи бидејќи се кандидираа како независни.

Данела Арсовска е актуелен претседател на Сојузот на Стопански комори и од неодамна почесен конзул на Унгарија во Македонија.

Нејзиното име се споменуваше како најсериозен  кандидат на ВМРО дпмне.

Лидерот Мицковски најави дека утре ќе заседава Извршниот комитет и Централниот комитет на партијата и ќе ја разреши дилемата дали ќе и дадат поддршка на Арсовска , но и  дали истата ќе ја добијат од новата коалиција со Алијанса и Алтернатива на Села и Гаши која што и официјално ја потврдија за престојните избори.

И поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска влегува во трката за град Скопје како независна поддржана од иницијативата „Зелен хуман град“.

Петроввска беше во тесното раководство на ДОМ на Морачанин но беше разрешена токму по барање на ДОМ иако Владата имаше  позитивна оценка на нејзината работа како директорка.

И Поранешниот пратеник на НСДП  и дел од коалицијата со СДСМ, Љубомир Јосифовски, ќе се трка за градоначалничката фотелја на главниот град. 

Тој е познат како висок партиски функционер на НСДП. Според ДИК, Јосифовски ги собира потребните потписи за официјална кандидатура.