Кој ќе се грижи за пациентите?! – „150 медицински сестри ќе заминат во Германија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До крајот на оваа година околу 150 медицински сестри од Здравствените домови низ цела земја ќе се преселат во Германија, заради подобри услови, а особено за повисоки плати, предупредуваат од самостојниот синдикат на Специјализираната болница за геријатрија „13 Ноември“.

Велат дека Владата е нема за нивните барања, како што се пристојни плати, признавањето на високото образование за медицинските сестри и средното образование за негувателките.

Иако пред еден месец синдикатот постигна договор со Министерството за здравство за зголемување на платите на здравствените работници, истиот сè уште не е спроведен.

Од 1 мај синдикатот предупредува на протести, блокирајќи го целиот главен град, како што велат, од двата влеза и од Ѓорче Петров и од Автокоманда.

Прашавме и во Министерството за здравство дали ќе ги слушнат барањата на Синдикатот и колку е исполнето ветувањето за зголемување на платите на здравствените работници, но одговор не добивме.