Кој ќе се кандидира за градоначалник на Чаир? Ганиу или Муча од ДУИ, Сали од коалицијата Алијанса/Алтернатива?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Висар Ганиу и Адријан Муча од ДУИ и Беким Сали од коалицијата АА-ААА се имињата кои кружат во јавноста како потенцијални кандидати за градоначалник на Општина Чаир за следните локални избори. Сегашниот градоначалник Висар Ганиу и покрај желбата за да се кандидира, вели дека сепак последниот збор го има неговата партија.

„Се разбира дека сакам да се кандидирам но за тоа одлучуваат партиските органи, а последниот збор го има нашиот претседател. Но, верувајте дека во овие моменти не сум преокупиран со кандидатурата, туку со проектите кои постојано ќе ги реализираме и финализираме и проектите кои поради технички причини и поради документацијата доцнат малку, но и тие се во постапка за реализација.“, вели Ганиу.

Го прашавме и директорот на ЈП„Паркови и зеленило, Адријан Муча, дали тој претендира да биде можен кандидат за прво човек на Чаир.

„Искрено не сум помислил, ниту сме разговарале за тоа. За тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник не одлучуваме ниту јас, ниту Висар. За тоа одлучува раководството на ДУИ, во чело со Али Ахмети.“, вели Муча.

Беким Сали од Алтернатива не ја отфрли ниту не ја потврди неговата кандидатура за ова функција. За ТВ21 изјави дека се уште не може да се зборува за конкретни имиња додека нема одлука од коалицијата. Но, неговото име беше спомнато во Клик Плус од Скендер Реџепи Зејди.

„Доколку во договорот што ќе го имаме со АА, се договориме Чаир да и припаѓа на Алтернатива, тогаш сум убеден дека тоа ќе биде актуелниот претседател на огранокот, Беким Сали.“, рече Скендер Реџепи Зејди.

На последните локални избори одржани во 2017 година, ДУИ со кандидатот Висар Ганиу освои 11 841 гласови, односно 1653 повеќе гласа од тогашниот кандидат на Движење Беса, Зекирија Ибрахими.

ВИСАР ГАНИУ 11 11.841 ГЛАСА ИЛИ 38,97%
ЗЕКИРИЈА ИБРАХИМИ БЕСА 10.188 ГЛАСА ИЛИ 33,53%
ФАРУК АБДИ АА 2.207 ГЛАСА ИЛИ 7,59%
ИДРИЗ ОРАНА ДПА 766 ГЛАСА ИЛИ 2,52%

Инаку на прашањето за тоа дали ги реализирал дадените ветувања пред да стане градоначалник, Ганиу рече дека останале уште 10% од нереализираните проекти. Проектите кои не се реализирани од „Договор“ се катните гаражи, базенот, Детска клиника, кружниот тек во булеварот Цветан Димов, енергетска ефикасност на станбените објекти.