Кој кого оставил во кал? – Беџети: Меџити му служеше и соработување со Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Да, и тој што ме остави во кал, овдешниот, кој ме остави на пола пат, му го даде најдобриот одговор на народот во Сарај, Чаир, Студеничани и насекаде“, вели Изет Меџити.

Вака рече пред неколку дена Изет Меџити од ВРЕДИ во Сарај.

Заблагодарувајќи им се на симпатизерите на ВРЕДИ за поддршката на изборите, рече дека неговиот поранешен сопартиец од ДУИ, Блерим Беџети го оставил во кал и на пола пат со Огнената група. Коментирајќи го тоа што го кажа Меџити, Блерим Беџети рече дека всушност Меџити е тој кој ја оставил ДУИ во кал, соработувајќи со екс премиерот Зоран Заев.

Блерим Беџети: Нелогично е еден пратеник од еден субјект, кога самиот субјект бара од него и доколку биде повикан тој кој не те остава во кал, тој не остави нас во кал.

-Објаснете ми како?

„Сега зборуваме за носење одлуки. Тој беше пратеник, и кога му побара Заев, отиде и гласаше за владата што ја критикуваше најмногу. Дури и пред да излеземе на јавни дебати во јавноста, тој побара и лични услуги за блиски од министер што најмногу го пцуеше“.

Соработката меѓу Меџити и Заев, Беџети вели дека се случила за гласањето довербана владата на Заев. Како што вели, и во огнената група имале заеднички став дека не треба да ја гласаат владата, Меџити гласал бидејќи тоа од него го побарал Заев.

Блерим Беџети: Бидејќи сака да се прикаже жртва и голем јунак, добро е да каже каде започнуваат нашите поделби, има неколку секвенци.

-Како Огнена група?

„Да. Имавме став во врска со гласањето на владата на Заев, да не гласаме, и другите се сведоци. Да се вратиме на ДУИ и повторно истите сили да ја сочинат владата. Изет Меџити на барање на Заев кому му служи, како што се зборува од порано, гласаше кога тоа го побара Зоран Заев а не кога побара ДУИ и Али Ахмети“, додава Блерим Беџети.

За ова го прашавме лидерот на ДД, Изет Меџити, но тој ни рече дека ќе се произнесе во понеделник кога ќе гостува во Клик Плус на ТВ21.