Кој не ја кажува вистината за 2017-та? – Спасовски и Заев негираат дека имало преговори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Кажав немаше договор, но се обидував такво нешто да постигнам“, истакна Никола Тодоров.

Поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ не откри повеќе детали околу широката коалицијата за која се преговарала, но поради 27-ми април се пропаднало.

„Со мене пред 27-ми април и на 27-ми април не е разговарано за широка коалиција. Можеби со некој друг тогаш разговарале“, порача Зоран Заев.

И Спасовски демантира дека водел разговори со Тодоров за широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Јас не сум разговарал никогаш и со никого од ВМРО-ДПМНЕ за било каква широка коалиција“, вели Оливер Спасовски.

Прашавме и во ВМРО-ДПМНЕ, но одговор не добивме.

Вчера во судница како сведок екс-министерот за Здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече дека упадот во Собранието ги урнал сите планови за широка коалиција.

„Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалуција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО”, вели Никола Тодоров.

На рочиштето за настаните од 27. Април Никола Тодоров истакнал дека извршувал повеќе партиски функции и оти во тој период бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но и пратеник и министер за здравство. Додаде дека партијата во ниту еден случај формално не излегла со став по однос на протестите.