Кој треба да ги претставува Албанците? – Османи: Владата со нелегитимни претставници е како Влада без Албанци!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Влада со нелегитимни претставници е еднаква на Влада без Албанци. Вака синоќа на Канал 5 рече Бујар Османи од Европскиот фронт. Коментирајќи го почетокот на преговорите за заедничко владеење меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, вели дека со тоа се нарушува волјата на граѓаните изразена на изборите. После тоа, според Османи, изборите немаат веќе смисла.

Доколку ВРЕДИ добиеше повеќе гласови од ЕФ, Османи вели дека ќе се борел ВРЕДИ да ги застапува Албанците.

Од коалицијата ВРЕДИ возвраќаат дека легитимитетот на Албанците се добива од Албанците, а не на другите немнозински заедници. Не можете да се повикувате на договорите кои самите сте ги прекршиле, вели Зеќирија Ибрахими од коалицијата ВРЕДИ.

Легитимитетот на застапеноста на Албанците го даваат Албанците, а не немнозинските заедници. Немнозинските заедници се претставуваат себеси. Затоа, одете во опозиција и научете дека не можете да се повикувате на договорите што сами сте ги прекршиле и не можете да се повикувате на легитимитетот на Албанците кога бегавте од албанската трка“, вели Зекирија Ибрахими.

За тоа кој ќе треба да ги претставува Албанците на власт, дебати има уште пред изборите, кога првиот човек на Демократското движење Изет Меџити рече дека Европскиот фронт е сменет во граѓански концепт, а коалицијата ВРЕДИ е единствената чиста албанска опција на изборите. На изборите на 8 мај, Европскиот фронт доби 19 мандати, а коалицијата ВРЕДИ 13.