Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку, вечерва во ЕУ Клик одговори која е улогата на Центарот во оваа пандемија со Ковид-19.
-Според новиот концепт за заштита и Законот за управување со кризи донесен во 2005 година, Центарот за управување со кризи е институција која од една страна е поврзана со новите концепти на демократските земји, што значи дека има цивилна контрола врз униформата, така би го поедноставил. Другите работи кои во поранешна Југославија ги преземаше Министерството за одбрана или Министерството за внатрешни работи, сега нив ги презема Центарот за управување со кризи, согласно законот од 2005-та. Центарот ги координира сите институции кои се опфатени во справување и управување со разни кризи. Така што ние имаме улога… на пример пред две години имавме големи пожари, поплави и доколку ситуацијата излезе од контрола и „Македонски шуми“ кои интервенираат први, потоа локалните пожарникари или пак Дирекцијата за заштита и спасување не можат да го изгаснат пожарот , тогаш директорот на ЦУК, односно јас, ја свикувам групата за проценка, која е составена од претставници на разни институции, претставници на Црвен Крст, кои се постојано ангажирани во соработка со нас, за да процениме дали треба да биде прогласена кризна состојба. Ако прогласиме кризна состојба, само тогаш, како што реков согласно законот од 2005-та, може да се ангажира Армијата на РСМ која ќе им излезе пресрет на полициските органи, на пожарникарите, и на сите други во чиј домен е гаснењето на пожарите, спречувањето со поплавите итн. Значи, ние сме во координација, сите ја проценуваме ситуацијата и ги координираме сите институции под чија надлежност спаѓа одредено прашање-рече Буџаку.
