Колапс во автомобилската индустрија поради коронавирусот, продажбата на возила во Кина паднала за 70%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради коронавирусот, и автомобилската индустрија бележи големи падови. Корпорацијата „Тојота“ објави дека продажбата на возила во Кина опаднала за дури 70% во февруари, за разлика од февруари минатата 2019 година.

Вториот најголем производител на автомобили во Светот откри дека во февруари годинава продал само 23.800 возила, вклучувајќи ги тука и возилата на програмата „Лексус“.

Од друга страна, пак, од кинеската асоцијација на патнички возила, истакнале дека продажбата е падната за дури 80%.