Колку често треба да се менува четката за заби?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Редовната стоматолошка заштита го штити здравјето на целиот организам. Редовна посета на стоматолог, миење на забите после секој оброк, забен конец, сето ова е важно, но не треба да заборавите на четката за заби, како и нејзината редовна замена.

Четки за заби се трошат прилично брзо, особено ако ги миете забите барем двапати на ден, како што е препорачано од Американското здружение на стоматолози.

Редовното миење ја троши четката, па затоа нејзината замена е многу важна. Американското здружение на стоматолози препорачува менување на четката за заби на секои три или четири месеци. Ако ви се чини дека влакната на четката не се во „добра форма“ , заменете ја и порано.

Што се случува ако не ја менувате четката за заби на секои три до четири месеци?

Во прилог на фактот дека четката се троши, на неа се собираат микроби. Ова е поизразено ако ја чувате четката за заби во близина на тоалетот.

Според Journal of Dental Science & Research, приближно 60 проценти од четките за заби складирани во заеднички бањи имаат некои фекални материи.

Секој пат кога ќе го измиете тоалетот, капките вода летаат нагоре до вашата четка за заби, покривајќи ја со нечистотија.

Ако ја покриете четката за заби со чаша, таа нема да се исуши и на неа брзо ќе се размножуваат бактериите и мувлата. Ако видите препознатливи дамки од црна мувла на четката, време е да ги фрлите.

„Четката за заби треба да се менува дури и кога сте болни, бидејќи на неа може да се најдат ешерихија коли, стафилококи и други бактерии, што ќе ја направи четката за заби нов дом“, истакна д-р Хедер Розен.

Таа исто така додаде дека има многу бактерии кои можат да останат на четката за заби, и затоа секогаш е најдобро да се менува после вирусни или бактериски инфекции.