Постои период во врската во кој мислите дека се знаете за партнерот и тогаш врската влегува во рутина. Стручњаците велат дека одредени работи во врска со партнерот треба да ги знаете во секоја доба.
Овие прашања може да ги поставувате еден на друг, и сигурно ќе се забавувате и повторно ќе почувствувате пеперутки во стомакот.
- Какви се размислувањата на партнерот во бракот?
Ова е можеби главно прашање. Ако сте долго во врска, на ова прашање мора да имате одговор. Ова е работа која сигурно нема да ја прашате на прв состанок, но со време станува една од најважните теми. - Како изгледа неговото (нејзиното) место од соништата?
Ова истотака е многу важно парашање. Ако гледиштата околу тоа каде треба да живеете ви се разминуваат, тогаш е време за тао да поразговарате. - Дали го (ја) сака работата со која се занимава?
Стресот на работа многу лесно станува стрес дома. Таквата ситуација брзо ќе се пренесе на вашата врска, и таа може да падне во криза. Затоа е важно да зборувате со партнерот околу тоа дали е задоволен од работата. - Која им е омилена храна, а која не ја сакаат?
Истражувањата покажуваат дека паровите често се караат околу изборот на храна или околу тоа жената да зготвила нешто што не му е омилено јадење. Доколку знаете што партнерот обожава, тогаш го немате тој проблем. - Неговата најомилена песна е…?
Според стручњаците, музиката која ја слушате многу влијае на вашите специфични карактеристики. Ако знаете која песна на вашиот партнерот ќе му го подобри расположението, тоа покажува колку ви значи.
