Од септември во Македонија се очекува да се отвори нов политички субјект на чело со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Не се исклучува можноста и Огнената Група раководена од Изет Меџити, која излезе како фракција од ДУИ, да формираат ново движење.
Но колку овие движења имаат капацитет да постигнат успех и колку можат да им наштетат на партиите од кои се отцепија? Политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу, вели дека нивниот успех зависи од искреноста но и од политичките профили кои ќе ги понудат.
„Доколку фракциите делуваат на искрен начин, тие се додадена вредност, не е дека нешто ќе изгуби политичкиот систем. Не се тие големи субјекти за да ја загрозат стабилноста на веќе постоечките политички субјекти, но како и да е тие ќе бидат поттик и за нив, но колку ќе бидат успешни, зависи од капацитетите и политичките профили кои ги нудат. Малку е тешко во Македонија со овие три сериозно етаблирани субјекти да влезат на политичката сцена“, вели Алберт Муслиу.
Од друга страна, аналитичарот, Петар Арсовски, смета дека новите политички партии тешко ќе се развиваат доколку не соработуваат со некое поголемо движење.
Инаку во македонското собрание, има вкупно 21 политички партии, повеќето од нив се во коалиција со двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
