За време на изборните кампањи кандидатите за пратеници одат од врата на врата да бараат гласови, но откако ќе бидат избрани, дали се достапни за граѓаните!? ТВ21 ги праша граѓаните дали имаат комуникација со народните избраници и дали се слуша нивниот глас и барања. Повеќето рекоа дека се чувствуваат запоставено и дека политичарите работат само за свои интереси.
„Дали пратениците работат за граѓаните? Воопшто, не само новиот состав туку и пред нив не работеа колку што требаше за народот, работат, мислат и зборуваат во името на народот, а фактички не работат воопшто за народот.“
„Значи слабо е со работа, не е воопшто во ред никаде. Како прво нема автобуси, но и многу други нешта. Дали некогаш сте се обиделе да побарате средба со некој пратеник? Не, не. Дали од лицата со кои се дружите некој побарал средба или се жалел кај некој пратеник? Не. Ние сме работничка класа, што да бараме, никој не не прифаќа.“
„Собранието во соработка со општините има обврска да им обезбеди на граѓаните простори во рамките на општините, каде што жителите ќе можат да се сретнат со избраните пратеници од таа област и да ја изразат својата загриженост и да разговараат за различни прашања“, вели репортерката на ТВ21.
Моментално сум во општина Чаир и се упативме кон просторијата каде што граѓаните, поточно жителите на оваа општина, секој петок можат да се сретнат со пратениците и да одржат состанок за проблемите што го имаат или за одреден предлог.
Пратениците ги прашавме и колку често се сретнуваат со граѓаните и во какви форми одржуваат средби. Пратеничката од опозициската Алијанса за Албанците, Илире Даути се пожали дека општина Желино, иако има обврска, не обезбедила канцеларија ниту претходниот мандат, ниту овој мандат за да се сретне со жителите на околината.
„Во неможноста да имаме просторија во рамките на општината, мојот кабинет како пратеник во Собранието на Северна Македонија, таа беше постојано достапен до секој што сакаше да се сретне со мене, и за сите други за кои тоа е далеку се обидов да бидам достапна секогаш да се сретнеме билокаде, каде што им одговараше и на граѓаните. Но, пред се сите многу сум разговарала, посебно телефонски, особено кога станува збор за државјанството, но и за сите други грижи што можеби ги имале граѓаните, што мислеле дека треба да ги споделат со мене“, порача Илире Даути.
Додека пратеничката од владината коалиција ВРЕДИ, Фериде Хаџиу вели дека постојано се во контакт со граѓаните и во канцеларија и на терен. Поради недостиг на просторија во општина Сарај, средбите ги одржува во општина Чаир.
„Бројката не е толку голема, но верувам во исполнување на барањата и поддршката што ја имаме за нив. Но, ние граѓаните со граѓаните не се сретнуваме само во тоа одредено време, односно ги среќаваме и во други денови надвор од предвиденото време и во различни населени места, состаноци за кои немаме објавено дека се направени бидејќи се индивидуални средби и според нас не е етички за секоја средба со граѓанитеи да објавиме на нашите профили“, вели Фериде Хаџиу.
Иако треба да има 75 канцеларии во општините во кои се одржуваат средби пратеници-граѓани, од Собранието за ТВ21 велат дека во моментов функционираат само 31.
