Колку се збогати Ахмети за 20 години власт? „Зборувајте со мојата сопруга…“, рече во „Click Plus“ лидерот на ДУИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Али Ахмети 20 години е на власт и прв човек во ДУИ. Вечерва е во студиото на ТВ21, па го прашавме колку се збогатил за овие 20 години.

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле, добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга бидејќи…“, ни одговори Ахмети.

ТВ21: Зошто не одговарате сега во студио?

„Не знам кога ме прашуваш колку е цената на зејтинот, не знам бидејќи сопругата, од неа слушам, цените растат, не растат, толку чини ова, брашното е толку а било онолку. Јас не се занимавам со ова работа, но колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален, зборувајте со банките, правете го транспарентно“, додаде Ахмети.