Колку сме социјална држава? – Луѓето кои се во сиромаштија се повеќе од статистика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Луѓето кои што се наоѓаат во сиромаштија се повеќе од статистика. Тоа се луѓе со специфични потреби, со специфични животни проблеми, но и специфични предуслови кои што ги довеле во ситуацијата во која што сега се наоѓаат.

„Најчесто сме научени да зборуваме за луѓето кои што ги гледаме како бараат излез во контејнерите, најчесто храна или облека. Меѓутоа сиромаштијата значи повеќе од тоа, значи нивно игнорирање, нивна исклученост, не еднаквост во приход и тн.“, истакна Билјана Дуковска.

Водител: Нивно игнорирање од кого?

Дуковска: Генерално стигнатизацијата која што ја доживуваат лицата кои што живеат во сиромаштија доведува до нивно игнорирање по статус и друго.

Македонија по устав е социјална држава. Треба да се грижи од овој аспект за нејзините граѓани. На хартија тоа е така, но во пракса работите се одвиваат потешко.

„Системот е креиран да одговори на индивидуалните потреби на секое семејство. Можеме да зборуваме за просеци и можеме да кажеме дека во просек четиричлено семејство, ако претходно примало три илјади и нешто, сега сега би примало околу 10.600 денари. Меѓутоа треба да имаме предвид, доколку во семејството има лице кое што е неспособно за работа се пресметува дополнителен коефициент, доколку има лице со попреченост, дополнителен коефициент. Ако зборуваме за самохран родители има зголемени износи“, додава Санела Шкријељ.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат за 2018 година, во Македонија 455 илјади лица се сиромашни. Но, сиромаштија не значи само кога ќе видите дека луѓето бараат храна по контејнери. Сиромаштијата значи и игнорирање на лицата од страна на државата, но и дискриминација на од страна на општеството.