Колку транспарентни се институциите? – Метаморфозис: Има извршни органи кои немаат ниту веб страница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од сите институции во државата, Владата е прва на листата за транспарентност. Со објавување на информации на веб-страницата, Владата на Македонија предничи во однос на земјите од регионот во делот на на отвореноста.

Ова го покажуваат резултатите на Фондацијата „Метаморфозис“ по проценката на состојбата на доброто владеење преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021. По Владата следуваат неколку министерства:

Незавидна состојба е кај државните агенции и дирекции, кои имаат слаб процент на транспарентност или објавување податоци на нивните веб-страници. Има некои извршни органи кои воопшто немаат веб-страница.

Дискусијата на Фондацијата „Метаморфозис“ беше фокусирана на транспарентниот пристап што треба да го имаат државните институции. Според нив, секоја установа треба да објавува информации од јавен карактер на нивните веб-страници и со тоа да се зголеми транспарентноста кон граѓаните, но и процентот на отвореноста.