Колони автомобили паркирани на тротоар – во центарот на Скопје, пешаците мора да се движат по улица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Паркирани автомобили на тротоар, а пешаците се движат по улица. Ваква е глетката долж улицата Филип Втори кај Министерството за политички систем и МНР од едната страна и Финансиската полиција од другата страна.

Оваа колона од автомобили ги принудува пешаците да се движат по улица а од МВР велат дека презеле мерки за отстранување на автомобилите таму.

„Ве известуваме дека од наша страна на ул. Филип Втори Македонски, како и на целото подрачје на град Скопје тековно се преземаат мерки кон непрописно паркираните возила на тротоар и коловоз. Во периодот од 01.02.2023 до 09.03.2023 год. на наведената улица, со специјално возило Пајак подигнати се и изречени 100 санкции за непрописно паркирани возила на наведената улица“, велат од МВР.

реклама

Во врска со ова прашавме и во Град Скопје од каде велат дека според законот за отстранување автомобили, ЈП Градски паркинг постапува по издадена наредба од полицијата. Од полиција не одговорија на прашањето на ТВ21 дали ги отстраниле автомобилите кои се непрописно паркирани на овој дел од улицата.

Инаку, паркирањето на автомобилите продолжува на истиот начин во работните денови а единствени денови кога е слободен тротоарот се сабота и недела.

реклама
реклама
реклама