Комбе удри во група на луѓе во Њујорк, две лица загинаа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двајца загинаа, а деветсе повредени откако комбе удри во група на луѓе во Њујорк, за време на славјето на Денот на независноста.

Началникот на њујоршката полиција Џефри Мадри изјави дека Форд Ф-150 се движел со голема брзина, поминал на раскрсница и знак „стоп“ пред да се случи несреќата во паркот Корлирс Хук на Менхетен. Тој додаде дека две лица загинале на лице место.

Меѓу повредените, четири лица се во критична состојба, три се тешко повредени, а двајца се полесно повредени, соопшти помошник началникот на Њујоршката противпожарна служба Мајкл Мејерс.

Инспекторите не веруваат дека несреќата е терористички чин, изјавија на брифинг со новинарите Мадри и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Мадри додаде дека возачот бил тестиран за алкохол и оти се претпоставува дека причина за несреќата е консумирање на алкохол.