Лимани на местото на Таравари – ДУИ реагира: Ја остави општината со над 15 милиони долг

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Валбон Лимани е избран за вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар. Тој досега беше претседател на општинскиот совет. Лимани рече дека ќе продолжи со проектите кои се започнати и ветени.

Приоритетите остануваат исти до крајот на мандатот. Остануваат уште една година и три месеци, ветувам дека во ова преостанато време ќе реализираме голем процент од ветувањата што им ги дадовме на граѓаните на Гостивар и дека сите дадени ветувања ќе се реализираат“, вели Валбон Лимани

Реагираа советниците на ДУИ. Велат дека Таравари побегна од општината и ја оставил општината со долг од над 15 милиони евра.

Најважно од се, општината останува со најголемиот долг во историјата на своето постоење, од над 15 милиони евра, но реално долгот може да биде уште поголем“, вели Вјолца Бафтиу.

Инаку, Валбон Лимани се очекува да биде кандидат за градоначалник на Гостивар со целосен мандат на следните локални избори. Тој рече дека е рано да се зборува за ова, но не демантираше такво нешто.