Комеморација на Цетиње, загубата на 12 животи остави празнина во срцата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод масакрот што се случи во Цетиње на 1. јануари, денеска во Владиниот дом се одржа комеморативна седница за жртвите.Започна со едноминутно молчење за жртвите, а упатена е порака дека ова е еден од најголемите предизвици со кој се соочиле Цетиње и Црна Гора. Градоначалникот на кралската престолнина Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, рече: „Со тагата која сите не обедини, се собравме пред еден од најтешките предизвици кој нѐ погоди како заедница“.Во престрелката што се случи на 1 јануари во Цетиње, загинаа 12 лица, а шест беа повредени. Напаѓачот 45 годишниот Ацо Мартиновиќ по крвавата голгота се самоуби. По повод трагедијата во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост, на 2, 3 и 4 јануари.