Пелистерка е најголем акционер во Стопанска банка АД Битола. Кои се другите, останува непознати оти друштвата имаат обврска да споделат информација само за физичките или правни лица над 5% од акции,
Понудата од 3.200 денари за акција или вкупно 20,3 милиони евра за сите акции ќе ја разгледува менаџментот на Банката, а секако и акционерите.
Дали понудата е фер?
Ова прашање е клучно во банкарската и инвеститорската јавност а откако вчера „Комерцијална банка“ објави дека нуди по 3.200 денари за една акција на „Стопанска банка“ АД Битола.
Ако се анализира книговодствената вредност на една акција на банката за 2023 година може да се заклучи дека понудата е потценувачка. На 8 август годинава просечната цена е 3.712 денари. Во последните 52 денови просечната цена сепак е многу пониска или 2.371 денари во просек. Доколку се погледнат финансиските извештаи на „Стопанска банка“ АД Битола за последните две години се забележува дека е вршена исправка на вредноста во билансот на успех и „намалување на добивката и потреба за издвојување на резервации со цел да се превенира ризикот од работењето.
