Комисија за именување на улиците во Тетово – политичка дебата дали треба да се преименуваат улици кои веќе имаат име

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Тетово беше формирана комисија за именување и преименување на улиците. Оваа одлука на Советот на општината предизвика реакции кај партиите СДСМ и Левица, додека ВМРО-ДПМНЕ се изјасни за именување на улиците кои немаат имиња, но се спротивстави на промената на постојните имиња. И покрај несогласувањата, работната група беше формирана, а со неа ќе претседава советникот Алби Ќамили.

„Не мислам дека ќе има некаков проблем, бидејќи, како што реков, преименувањето на улиците во Тетово ќе го одразува граѓанскиот реалитет, урбаниот карактер, историјата и идентитетот на Тетово и не мислам дека ќе имаме некакви несогласувања. Главно ќе бидеме фокусирани на улиците кои воопшто немаат име, но и постојните имиња на улиците, без сомнение, ќе претрпат одредени промени“, порача Алби Ќамили.

Советникот од АА, во коалиција со Националната алијанса за интеграција, Арлинд Муртезани, упати критики кон мнозинството советници, бидејќи, како што рече, претседателот не им дава збор на советниците.

„Бев именуван како член на Комисијата за преименување на улиците, каде што ќе има и промени, освен веќе утврдените имиња, бидејќи Тетово не треба да се поврзува со имиња како ‘ЈНА’, ‘Маршал Тито’ и слично. Ќе барам овие улици да се променат, но на оваа седница поважно беше тоа што мнозинството ја демонстрираше својата моќ, исклучувајќи ме мене како советник, обидувајќи се да не ми го даде зборот што ми следува и што е моја обврска. Претседателот на Советот, заедно со мнозинството, донесе таква одлука со образложение дека наводно правиме прекршување на процедурите на Советот.“, рече Арлинд Муртезани.

Моментално во Тетово има вкупно 265 улици, од кои 111 се со имиња, 113 со броеви, а 41 воопшто немаат име.