Комисијата одлучува – дали ќе има нови мерки за заштита од делта сојот на коронавирусот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува дали има потреба од евентуално нови мерки за заштита против ширењето на делта сојот на коронавирусот.

Комисијата треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме и дали има потреба од воведување на нови мерки во однос на заштита на границите.

„Треба да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која може да се заштитиме“, изјави Филипче.

Во моментов само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин.