Здружението за градежништво бара недела да се работи – ќе бидат ли вклучени домашните фирми во изградба на дел од коридорот 8 и 10?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дали домашните компании ќе бидат вклучени во изградбата на автопатските делници од Коридорот 8, како и автопатската делница Прилеп-Битола е едно од прашањата кои му ги постави претседател на Управниот одбор на Здружението за градежништво при стопанската комора, Андреј Серафимовски на министерот Бочварски. Ќе бараме како градежни компании да бидеме вклучени уште при планирањето, проектирањето, па се до изведбата и би сакале за тоа да добиеме цврсти аргументи и гаранции дека нема да бидеме изоставени, вели тој.

„Под кои услови и како ќе се доделуваат патиштата на коридорот 8 и 10 на комампанија од странство и која е улогата на македоснмките градежници во целит тој процес“, посочи Андреј Серафимовски.

Министерот вели дека за ова прашање треба да се разговара прво на влада.

„Од моја страна секогаш ќе потенцирам секогаш стојам за да ги исполнам барањата на Комората за да иамме посилен развој на домашната економија“, посочи Благој Бочварски.

Друг проблем кој нив ги засега е новиот закон со кој недела е прогласен за неработен ден. Како што вели Серафимовски за нив ова значи прекин на процесот на изградба и капитални инвестиции .

„И во сегашниот  закон сме многу ограничени со часови премногу празници имаме во текот на годината и на тоа кога ќе додадете недела неработен ден ќе сфатите дека градежниците не можат да врзат континуиран процес на работа“, вели Андреј Серафимовски.

„Треба да најдеме одреден баланс кој ќе биде  сигурноств и за градежниот сектор и за работничките права и од тој аспект зкаонот кој беше донесен на предлог на МТСП е серизно дискутиран во минатиот период и сметам дека е едно добро решение да го покачиме нивото на работничките права“, вели Благој Бочварски.

Здружението за градежништво предлага антикризни мерки со оглед поскапувањето на репроматеријалите кои влијаат и на цената на становите, како и врз одлуките за реновирање. Од почетокот на пандемијата до крајот на годината челичните профили и цевки ќе достигнат до 95% поскапување.