Google Chrome, Firefox, Internet, Microsoft Word, Power Point, Excel се компјутерските вештини кои ги навеле во нивното CV кандидатите на Алтернатива кога беа избрани за заменици-министри во Министерството за образование и Министерството за култура. Сепак, отворањето на прозорчиња за пребарување на интернет е оценето како елементарно познавање. На прашањето на ТВ21 до заменикот-министер за образование и наука, Љуљзим Алиу – што знае да работи друго на интернет покрај она што го навел, тој одговори:
-Ги поседувам основните вештини на технологијата и информатиката. Она што го знам, го напишав. Јас не сум информатичар, јас сум лингвист.
Заменикот-министер за култура, Даим Лучи, за ТВ21 рече дека неговата работа е да ја промовира културата.
-Јас сум заменик-министер за култура и мојата задача е да се занимавам со промовирање на културата и културните активности. Не вреди да се занимавам во вакви банални работи, рече Лучи.
Собранието синоќа ги избра замениците-министри во ресорите кои останаа празни откако Движење Беса ја напушти Владата и откако дојде до промени во владиниот кабинет поради заминувањето на екс-премиерот Зоран Заев.
