Му посака добредојде.
Досегашниот министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ му го отстапи столчето на новиот министер од редовите на ВЛЕН, Агон Ферати. Му рече дека бил кратко време на оваа позиција и му порача да ги продолжи неговите работи.
„Ова што го гледате тука, немаше ништо.
Кратко време… сепак вие ќе продолжите некои работи што се започнати и останале.“
Досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, доаѓа на чело на здравството на местото на Азир Алиу. Тој ја пофали работата на својот претходник и рече дека ќе гради врз она што веќе е постигнато, истовремено фокусирајќи се на предизвиците кои бараат итни решенија.
Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда, кој доаѓа на местото на Игор Филков. Шасивари истакна дека ќе работи со посветеност, одговорност и транспарентност, фокусирајќи се на унапредување на владеењето на правото, зајакнување на независноста и ефикасноста на судскиот систем, враќање на довербата на граѓаните во правдата.
Седат Сулејмани беше заменик-министер, а сега е унапреден во министер, преземајќи го ресорот култура, на местото на Зоран Љутков.
На Фејсбук напиша: „Нè очекува многу работа за уметноста и културата, консолидирање на културните институции и поддршка на творештвото, уметниците и младите творци.“
Исто така и Ѓоко Велковски беше унапреден од позицијата заменик-министер на чело на ресорот социјална политика, заменувајќи го Фатмир Лимани.
За време на преземањето на мандатот, Велковски го посочи приоритетот кој, како што рече, „ќе биде подобрувањето на системот на социјална заштита, зголемувањето на поддршката за семејствата, спроведувањето мерки за демографски развој и создавањето политики кои ќе понудат подобри услови и перспективи за младите“.
Во владиниот кабинет доаѓа и новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски и министерот без ресор Ерџан Демир.
Владата го заврши процесот на владината реконструкција, дополнувајќи го составот на кабинетот со именување нови министри во неколку ресори.
Според премиерот Христијан Мицкоски, промените се направени за да се зголеми меѓуинституционалната координација, да се забрзаат реформите и да се исполнат обврските во областите на економијата, владеењето на правото, инвестициите и европската интеграција.
Од друга страна, опозицијата ја критикуваше реконструкцијата, оценувајќи дека промените се политички и не ги адресираат главните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.
