Астероидот 2009 ЈФ1, според последните информации се наоѓа на оддалеченост поголема од 375 илјади километри од Земјата, а се приближува со 18 километри во секунди. На земјата би „удрил“ во март 2022 година.
Овој астероид е откриен 2009 година, а научниците сега се плашат дека во март идната година би можел да биде блиску земјата, па дури и да ја погоди. Како што објаснуваат од НАСА, точниот пат на астероидот е тешко да се предвиди, а шансите да удри во земјата се 1:3800, или 0,026%.
Иако ваквите шанси се занемарливи, сепак, експертите сметаат дека тоа е сериозна закана.
Се предвидува дека крај Земјата, астероидот ќе прелета со брзина од 65.293 километри на час. Астероидот бил голем околу 13 метри, но во комбинација со брзината со која се движи, би можел да предизвика експлозија од 230 килотони динамит, односно како 150 атомски бомби како оние од Хирошима.
Иако мали се шансите целиот астероид да удри во Земјата, сепак, не се исклучени можности негови делови да паднат на земјата.
Научниците го следат овој астероид, и доколку претставува потенцијална закана, тогаш имаат „план Б“ да го оддалечат од земјата.
