Конечно, се случи и тоа – Тетово доби градски превоз во 2021-ва година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почна да функционира јавниот транспорт во Тетово. 5 автобуси, 12 шофери и администрацијата сè тимот на јавното претпријатие „Тетово транспорт“ кој ќе менаџира со урбаниот транспорт.

Директорот на претпријатието вели дека има уште многу работа но според него важно е дека автобусите веќе се во служба на граѓаните.

„Навистина е големо задоволство посебно за нас како советници кои придонесовме да бидеме тука каде што сме. Се надевам дека граѓаните ќе го користат јавниот превоз и ќе ги чуваат автобусите со цел подолго да траат“, посочи Беким Мемети.