Општина Тетово конечно обезбеди возачи за градските автобуси. Според градоначалничката Теута Арифи, со ова за многу брзо време автобусите ќе бидат пуштени во употреба. Но, сепак не даде одговор на прашањето што значи тоа “многу брзо“.
„Обезбедивме возачи, процесирањето за обезбедување на автобусите и сме многу блиску до процесот за почеток и ставање во употреба“, истакна Арифи.
Пред еден месец, Теута Арифи во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека општина Тетово бара возачи по што следеа бројни реакции од граѓаните.
Автобусите го чинеа Тетово околу 1.2 милиони евра, сума која општината ја обезбеди како кредит од Светска банка за период од 13 години. Јавниот транспорт го вети градоначалничката Арифи уште во 2013 година кога го доби првиот мандат.
