Коневски: Му посакуваме на Мицкоски што побрзо да оздрави и потоа да даде отчет пред делегатите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го повика сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде отчет за сработеното во изминатите четири години. Но, најпрво му посака на Мицкоски да закрепне.

„Вонредниот конгрес ќе биде за Мицкоски да даде отчет пред луѓето кои го донесоа на чело на ВМРО-ДПМНЕ и му ја дадоа довербата во Валандово… Во моментов му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите за тоа што го сработил последните четири години.“, напиша Коневски на Фејсбук.