Ивица Коневски, екс градоначалникот на Аеродром, го обвини сегашниот лидер Христијан Мицкоски за срамно однесување за овој најголем македонски празник Илинден. Коневски го обвини Мицкоски дека немсто обединување, тој порачувал ниски страсти и фрустрации.
„Мицкоски, ти повторно се однесуваш срамно и тоа на овој голем ден, на најголемиот македонски празник Илинден.
Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики.
Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ.“, вели Коневски.
