Властите во Демократска Република Конго доцна во неделата соопштија дека бројот на потврдени случаи на ебола во земјата се зголемил на 2.344, од кои 930 завршиле со смртен исход.
Одговорот на властите во Конго на епидемијата на ебола е отежнат поради недостигот од центри за лекување, како и отпорот на локалните заедници кон воведувањето строги хигиенски мерки, пренесува Ројтерс.
Извршниот директор на Програмата за вонредни здравствени состојби на Светската здравствена организација (СЗО), Чикве Ихеквезу, изјави дека вистинскиот број на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно поголем, а можно е да биде и до четири пати повисок од официјално пријавениот број.
