Конгресниот туризам на брегот на Охридското езеро е во пораст. По двегодишна пауза поради пандемијата, овој вид туризам годинава бележи пораст. Почнувајќи од април, во двата града на брегот на Охридското езеро се одржаа десетина конференции, семинари и конгреси, кои според угостителите, ќе ги компензираат тешките загуби од претходните години.
Хотелите инвестираат се повеќе во изградба и модернизација на конгресните сали. Ако во минатото конгресниот туризам беше актуелен само на есен и во зима, оваа година се одржуваат повеќе на пролет и на почетокот на летото.
Независно од врнежливото време во мај и јуни, според пресметките на ХОТАМ, на брегот на Охридското езеро има пораст на бројот на ноќевања. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков рече дека оваа година ќе има 13 поставени платформи и слободни плажи за граѓаните и туристите.
Туристичките работници очекуваат оваа година да го надминат рекордот на бројот на туристи од 2019.
