Пратениците и денеска во 17-тиот обид не гласаа за формирање на изборна комисија за тајното гласање за претседател на Собранието во Косово.
Пратениците на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија, а не гласаа ниту за состав на комисијата, што доведе до прекин на седниците.
За формирање на комисијата гласаа 53 пратеници, еден глас беше против, а на седницата присуствуваа 99 од вкупно 120 пратеници.
Продолжението на следната седница е закажано за 19-ти мај.
