Конте му посака среќа на својот именуван наследник Драги

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанскиот премиер во заминување Џузепе Конте денеска му посака среќа на својот именуван наследник Марио Драги и рече дека никогаш нема да ги попречува неговите напори за формирање нова влада.

Зборувајќи во јавност по првпат откако Драги доби мандат да ја предводи новата администрација, Конте рече дека се надева оти владата ќе има политичка природа и нема да биде составена само од неповрзани технократи.

– Би сакал политичка влада да ја преземе функцијата, доволно цврста и кохезивна за да може да прави политички избори … што не може да им се довери на тимови на технократи, оцени Конте.