Онлајн концерт во чест на дете со аутизам од Битола заврши крваво. Еден од соседите на битолскиот пејач Пеце Петровски го прободел со нож во пределот на рамото, бидејќи музицирал дома.
-Музиката беше во ограничени децибели и не беше премногу гласна за да има било какви проблеми. Јас живеам во зграда, внимавав и на тоа и не сакав да бидат повредени никакви чувства.-вели Петровски.
Соседот првично започнал со фрлање на камења кон прозорците, по што онлајн концертот бил прекинат. Музичарите се појавиле на прозорец, а соседот се жалел дека не може да спие. Но безуспешен бил обидов на музичарот на мирен начин да се реши проблемот, откако се снимнал пред зградата настанот ескалирал.
-Се обидов да му кажам дека правам концерт во живо посветен на малиот Лука, меѓутоа тој не ми ниту ислуша ми рече навредливи зборови и во афектна ситуација ми го закаи ножот во раката-рече Петровски.
Пред зградата дотрчале и останати станари кои спречиле развој на инцидентот, со нивна помош за среќа несуепен бил вториот обид за напад, по што ножот бил одземен од напаѓачот.
-Се упати кон својот дом и ми рече дека сум имал среќа што не излегол со саторот.-рече Петровски.
Од СВР Битола го потврдуваат настанот, додавајќи дека се работи на расчистување на случајот.
-На 10.05.2020, П.П. од Битола пријави дека на улица „Свети Наум“ во Битола, поради недоразбирања околу гласна музика, бил повреден со остар предмет во пределот на левото рамо од страна на едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.-соопштија од СВР Битола.
Петровски вознемирен зборуваше за ТВ21, а вели дека има проблеми со движењето на раката и болки во пределот на повредата. Најави дека покрај службената ќе поднесе и приватна тужба за физички напад и нанесување на повреда.
