94 милиони евра е штетата која ја направиле 15 фирми поврзани со семејството Крмзови од Струмица. Во истрагата опфатени се и 23 физички лица, меѓу кои 4 сметководители и 8 инспектори од УЈП.
„Склучувале фиктивни купопродажни договори за недвижен имот кој воопшто не бил во сопственост на фирмата која го продавала. Едни исти простории неколку пати ги препродавале меѓу себе за енормни цени. Квадратен метар се движел од 4.000 до 20.000 евра. Консигнации и лажно уништување на градежна механизација“, вели Верица Бержецка Крстева..

Потоа фирмата која ја купува недвижноста преку УЈП бара поврат на ДДВ од државата и така инкасирани биле 30 милиони евра.
„Со добиениот поврат прикажувале кредитна способност, земале кредити, исплаќале плати, граделе згради… Тешко е да се фати начинот, на оперирање и поврзаноста, бидејќи користеле лажна докуметнација“, вели Верица Бержецка Крстева.

„Копаш, копаш и нема дно“. Вака се изразни државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на брифингот со новинари потенцирајќи дека ова е еден од најобемните предмети.
„Фокусирани сме на случаите каде е нанесена најголема штета. Истрагата опфаќа период од 2019 дои 2024 година и обвинителството најавува дека може да се прошири“, вели Верица Бержецка Крстева.
Се што е во сопственост на фирмите на неформалниот крал на текстилот е замрзнато, а во моментов не се знае дали ќе биде доволно за да се покрие штетата.
