Политичарите не треба да ја користат пандемијата на коронавирус за политички поени смета Специјалистот за односи со јавност и нови медиуми, Бојан Кордалов, додавајќи дека програмите на политичките партии ќе бидат насочени кон справување со пандемијата. Потсетува дека политичарите не смеат да заборават дека сепак ова е изборна година.
„Јас мислам дека за жал ќе биде заобиколен делот со коронакризата во целата кампања меѓутоа повторно ќе кажам нити ќе донесе долгорочни поени, нити ќе донесе предност. Едноставно заштитата на здравјето е пред се на луѓето и тоа сите мора да го прават а политичката битка секако дека ќе се води и треба да се води, на крајот на краиштата не треба да сте голем правник за да знаете дека 2020 е годината кога мора да има избори , а прашањето е како најдобро да се одржат со цел да бидеме сите заштитени“, порача Кордалов.
