Коридорот 8 во Албанија се проширува кон Ќафасан: Отворен уште еден сегмент од патот што ја поврзува Македонија со Албанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Албанија, уште еден сегмент од Коридорот 8, на делницата Елбасан–Ќафасан, е отворен за сообраќај, што носи подобрувања за патниците кои минуваат преку граничниот премин Ќафасан. Новиот сегмент, долг 7,5 километри, се протега од излезот од селото Лабинот-Фуше до околу 500 метри по селото Мирака и сега е отворен со две коловозни ленти за сообраќај.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, и министерот за инфраструктура и енергетика, Енеа Каракачи, соопштија дека оваа инвестиција е дел од проектот за проширување и модернизација на Коридорот 8, еден од најважните правци што ја поврзува Албанија со земјите од регионот.

Коридорот 8 има особено значење и за граѓаните на Македонија, бидејќи преку Ќафасан е еден од главните патишта за патувања кон Албанија и албанското крајбрежје.