Корисниците на Твитер го исмејуваат Илон Маск за продажба на парфем: „Очајно ти требаат пари?“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илон Маск предизвика реакции откако лансираше парфем кој чини 100 долари по шише. На Твитер тој во својата биографија напиша дека сега е „продавач на парфеми“.

Најбогатиот човек на светот лансираше парфем наречен Burnt Hair и за само неколку часа заработи милион долари продавајќи 10.000 шишиња, а денес веќе ја удвои вчерашната заработка.

Реакции на Твитер

Новиот деловен успех на Маск го поттикна да ја смени биографијата во описот на профилот, а екипата на Твитер го исмеваше.

„Се прашувам колку луѓе ќе оќелават“, напиша еден корисник на Твитер.

„Џеф Безос го одобрува ова“.

„Навистина толку многу ти требаат пари, а? напишано во трето лице.

Некој искоментирал: „Мило ми е што си унапреден од ракетен инженер во продавач на парфеми“.