Во последните 24 часа во Хрватска, се регистрирани нови 1797 случаи на коронавирус. Бројот на активните случаи во оваа земја сега е 13 330 лица.
Меѓу нив 2 263 се на болничко лекување, од тоа на респиратор 261 пациент. Починаа 52 лица.
Најмногу новоинфицирени има во Загреб, каде што има и најголем број на активни случаи.
Вкупниот број на позитивни на вирусот во Хрватска од почетокот на пандемијата изнесува 324 833 лица. Починале вкупно 6 975 лица.
