Коронавирус: Повеќе од 13 милиони заразени во Светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Досега во Светот се заразени повеќе од 13 милиони лица од коронавирусот.

Раст на бројките се бележи во речиси сите земји како во Светот, така и на Балканот. Во Црна Гора се регистрирани нови 66 случаи, во Хрватска 53, додека во нашата земја вчера беа регистрирани 88.

Најмногу случаи се забележани во САД, потоа југоисточна Азија, Мексико се искачи на четвртото место по бројот на жртви, после Италија.

Оздравени се речиси седум милиони лица, додека починаа повеќе од 570 илјади лица.