Коронавирус во дом за стари лица во Битола – жител на Кочани почина, иако претходно немал никакви заболувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

40 годишен жител на Кочани иако немал претходно никакви заболувања, почина од коронавирус. Тој е еден од вкупно три смрти случаи во последните 24 часа.

„Клиничката слика на пациентите беше навистина тешка, манифестацијата на болеста практично во најтешката форма. Станува збор за вирус кој што веќе и докажано преку примерите кај нас и светот кои досега не беа публикувани, значи, не ги напаѓа само белите дробови, туку сите органи и системи. Таква е карактеристиката, таков е механизмот“, истакна Венко Филипче.

Другите двајца пациенти се од Тетово, од кои едниот, на 69 годишна возраст имал тумор на мозокот, а вториот пациент, на 65 години немал познати хронични заболувања.

Коронавирус потврден е и кај еден 86 годишен пензионер од Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола. Во изолација се неговите двајца цимери и шест лица од медицинскиот персонал. Во домот бил примен во март, а неговата внука неколку дена претходно се вратила од Германија. Бил примен во редовна процедура и не му била направена епидемиолошка анкет.

Министерот додава дека иако повозрасната група и тие со претходни болести се повеќе подложни на болеста и компликации, но не исклучуваат тешка клиничка слика и форма кај помлади пациенти, па и смртен исход.

„Во изминатите 24 часа, регистрирани се нови 15 случаи, на пациенти со коронавирусот во нашата земја. Во Скопје 4, Куманово 8, Тетово, Струга и Штип по 1 пациент. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 570 лица“, додава Филипче.

Во текот на вчерашниот ден биле направени 250 тестови, од кои 15 биле позитивни, со што бројката на заразени од Ковид-19 во земјава изнесува 570 лица.

Седумдесет лица се сместени на Инфективната клиника во Скопје. Од нив, 10 се во потешка состојба, а 8 се приклучени на респиратори.

Во Градската болница „8 Септември“ вчера се примени четворица пациенти за кои се чекаат резултатите, а двајца се на респираторна машина. Во Битола е хоспитализиран е само пензионерот од домот за стари лица, но во тек е трансфер на заболените од болницата во Охрид. Во Штип има четворица хоспитализирани, од кои тројца се со лесна клиничка слика.