Коронавирусот ќе донесе последици по италијанската економија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, рече дека епидемијата на коронавирусот ќе донесе последици за економијата во земјата.

„Економските последици би можеле да бидат многу силни. Во овој момент не можеме да пресметаме дали ќе постојат негативни последици, но не можеме да предвидиме што ќе се случи“, рече Конте.

Италија се соочи со изненадувачко ширење на епидемијата, особено на северот од земјата. Досега од коронавирусот починаа седум лица, а 220 се заразени.